Поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани, почина на 74-годишна возраст, соопшти официјалната служба „Амири Диван“. Хамад владееше со Катар од 1995 до 2013 година, кога доброволно му ја предаде власта на својот син, сегашниот емир Тамим бин Хамад ал-Тани.
За време на неговото 18-годишно владеење, Катар се трансформираше во една од најбогатите држави во светот благодарение на огромните резерви на природен гас и стана сè повлијателен фактор во меѓународната политика.
Шеикот Хамад дипломирал на британската воена академија „Сандхерст“, бил командант на катарските вооружени сили и министер за одбрана, пред да биде именуван за престолонаследник кон крајот на 1970-тите.
Исто така, во негово време Катар ја основа телевизиската мрежа Ал Џезира и ја купи лондонската стоковна куќа Хародс.
„Тој помогна во донесувањето огромни економски, социјални и културни промени во Катар“, се наведува во соопштението на катарските власти.
Катар прогласи четиридневна национална жалост. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а работата на министерствата, владините агенции и јавните институции ќе биде прекината до 19 јули.
Tagged as:
Поранешниот емир на Катар почина на 74-годишна возраст шеикот Хамад бин Калифа ал-Тани
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
