Background

Ново објаснување за најконтроверзниот момент на Мундијалот

Израмнувачкиот гол на Џуд Белингам против Норвешка продолжува да предизвикува дебати и по пласманот на Англија во полуфиналето на Светското првенство. Причината е ситуацијата што му претходеше на погодокот за 1-1, кога многумина сметаат дека топката го допрела кабелот на „спајдер“ камерата и ја сменила својата траекторија.

Норвежаните веднаш протестираа. Голманот Орјан Ниланд покажуваше кон небото, Ерлинг Халанд реагираше кај судијата Клеман Турпен, а селекторот Столе Солбакен бурно негодуваше покрај аут-линијата.

Сепак, ВАР не интервенираше, а голот остана да важи.

Хрватскиот пример ја отвори дилемата

- Advertisement -
Ad image

Контроверзијата дополнително се разгоре поради натпреварот меѓу Португалија и Хрватска во осминафиналето. Тогаш технологијата регистрираше минимален допир на топката со косата на Игор Матановиќ. Сигналот беше доволен за да биде поништен гол поради офсајд, иако самиот хрватски напаѓач подоцна изјави дека едвај почувствувал контакт.

Токму затоа многумина прашуваат како е можно системот да регистрира допир со неколку влакна коса, а да не евидентира можен удар во челичен кабел поставен над теренот.

Како работи паметната топка?

Според објаснувањата што ги пренесува шпанска „Марка“, во официјалната топка на Светското првенство е вграден автономен сензор за движење кој регистрира удари, вибрации и ротации дури 500 пати во секунда.

Секој контакт создава специфичен дигитален потпис, сличен на отчитување на електрокардиограм. Тоа значи дека системот не само што регистрира удари со нога или глава, туку може да детектира и исклучително слаби контакти.

Дали проблемот бил во преносот на сигналот?

Најинтересното објаснување не ја оспорува работата на сензорот, туку преносот на податоците. Откако сензорот ќе регистрира контакт, информацијата преку радио-сигнал се испраќа до антени поставени околу стадионот, а потоа стигнува до ВАР-системот.

Според оваа теорија, можно е топката навистина да го регистрирала ударот во кабелот, но информацијата никогаш да не стигнала до системот.

Металните кабли, моторите и конструкцијата на „спајдер“ камерата можат да создадат пречки во комуникацијата и таканаречени „слепи точки“, каде сигналот се губи или слабее.

Токму затоа дел од аналитичарите сметаат дека контакт можеби постоел, но податокот бил изгубен при преносот.

ФИФА не го менува ставот

Светската фудбалска федерација останува на официјалната верзија. Од ФИФА соопштија дека сензорот во топката не регистрирал никаква промена додека таа била во воздух, поради што нема доказ дека го допрела кабелот и ја променила насоката.

Сепак, телевизиските снимки и натаму се предмет на анализи и толкувања, а спорната ситуација веќе се вбројува меѓу најконтроверзните моменти на Светското првенство. За Норвежаните дилемата останува отворена. За Англичаните, пак, голот на Белингам останува првиот чекор кон победата што ги однесе во полуфиналето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation