Македонија ќе ја води истрагата за драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун кон германскиот Меминген. Авионот по влегувањето во македонскиот воздушен простор бил принуден да се врати во Грција, но инцидентот се случил на македонско небо.
Ова е согласно меѓународните правила за истрага на воздухопловни несреќи и инциденти. Драмата се случувала на голема височина кога, според досегашните информации, дошло до оштетување на прозорец во авионот.
Патник, српски државјанин, се најде во животна опасност откако бил вшмукан кон оштетениот дел од леталото. Српските медиуми објавија дека неговата сопруга го држела за нозете во обид да спречи уште потешка трагедија.
Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) за МИА информираа дека, согласно Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), претходно било доставено барање истрагата да биде делегирана на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД(НТСБ).
– Во истрагата предводена од NTSB ќе учествуваат и претставници на КИНСИВ – изјави претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски,
Потврдата дека истрагата ќе ја води Македонија дојде и од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ). Американската агенција соопшти дека назначила свој акредитиран претставник кој ќе им помага на македонските власти во истрагата.
Според меѓународните протоколи на ИКАО, земјата над чија територија се случил инцидентот има примарна надлежност да ја води постапката.
Тоа значи дека иако авионот полетал од Грција и се вратил на аеродромот во Солун, клучниот фактор е локацијата каде што се случил настанот.
Истрагата треба да утврди како дошло до оштетувањето на прозорецот, дали постоел технички дефект и дали биле испочитувани сите безбедносни процедури.
Засега нема официјални информации за причините за инцидентот, ниту за евентуални дополнителни оштетувања на леталото.
Случајот привлече големо внимание во регионот поради драматичните сведоштва на патниците и околностите под кои авионот морал итно да го прекине летот и да се врати во Солун.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
