На 67 годишна возраст почина познатата охридска професорка Соња Думбаловска Делова, објавија од нејзиното семејство.
Таа важеше за голем педагог, но и пливачка и вистински вљубеник во пливањето. Думбаловска Делова е основач и инструктор на школата „Делфини 2012″ од Охрид, каде со децении го пренесуваше своето знаење и љубовта кон водените спортови на стотици деца од Охрид.
Нејзиниот придонес кон пливачкиот спорт во Охрид датира уште од младоста, кога учествуваше во натпреварите на легендарната релација „Горица, Охрид”, еден од претходниците на денешниот Охридски пливачки маратон. Со текот на годините, Думбаловска Делова прерасна во еден од столбовите на охридското пливање, работејќи како тренер во пливачкиот клуб „Охридски бранови”, каде под нејзино водство се обликуваа генерации на пливачи.
Таа беше и нераскинлив дел од Охридскиот пливачки маратон уште од неговото возобновување, за што ја доби и наградата „Климе Савин”. Единствената жена акредитирана од ФИНА за судија во маратонско пливање, Думбаловска Делова остави траен печат врз развојот на овој спорт во Македонија.
За нејзините заслуги, минатата година беше прогласена за Охридска спортска легенда, признание доделено токму за нејзиниот животен придонес во спортот и педагогијата.
Погребот на професорката Соња Думбаловска Делова ќе се одржи утре на Градските гробишта во Охрид, од 12:00 до 12:30 часот.
Tagged as:
ИнМемориам македонија охрид ОхридскиПливачкиМаратон Пливање СоњаДумбаловскаДелова СпортскаЛегенда
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
