ГФК Охрид Лихнидос со ново засилување, Валентин Кочоски го облекува сино-белиот дрес
ГФК Охрид Лихнидос, еден од најстарите и најтрофejni фудбалски клубови во Македонија, со огромно задоволство и гордост го претставува своето ново засилување за претстојната сезона, искусниот офанзивен играч Валентин Кочоски.
Клубот од Охрид, чија историја и традиција стигаат длабоко во коренoт на македонскиот фудбал, продолжува да гради тим со квалитет, амбиции и визија за иднината, а доаѓањето на Кочоски претставува уште еден потврда дека ГФК Охрид Лихнидос , сака да биде синоним за сериозност, професионализам и врвни резултати во Првата македонска фудбалска лига.
29 годишниот офанзивен играч за врска зад себе има богато и импресивно искуство на македонската прволигашка сцена, со над 180 настапи во Првата македонска фудбалска лига. Кочоски го градеше својот пат низ екипите на Академија Пандев, Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс, каде остави забележителна трага, освои доверба на публиката и покажа зошто е еден од понепознатите играчи на средниот терен во македонскиот фудбал.
Во својата кариера, Кочоски постигна значителен број голови и асистенции, а гордо беше дел од шампионската генерација на Струга Трим Лум, титула која дополнително ја потврдува неговата победничка менталитет и искуство на највисоко ниво.
Кочоски е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, а неговото искуство, квалитет, лидерство и професионален однос кон работата, ќе претставуваат огромно засилување за нашиот тим во новата сезона. Неговото доаѓање во ГФК Охрид Лихнидос е уште еден чекор кон остварување на амбициите на клубот, кој со право се смета за столб на охридскиот и македонскиот фудбал.
Целото семејство на ГФК Охрид Лихнидос му посакува многу здравје, успешни настапи и врвна инспирација, со верба дека заедно ќе освоиме многу победи, титули и радости во сино-белиот дрес.
Добредојде во ГФК Охрид Лихнидос, Валентин Кочоски!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
