На 88-годишна возраст, кога зад себе има повеќе од шест децении филмска кариера, два „Оскари“ и десетици незаборавни улоги, Сер Ентони Хопкинс отвора сосема ново поглавје. Легендарниот британски актер го објави својот прв официјален сингл „Бракен Роуд“ и најави дека на 21 август ќе го издаде албумот „Life Is a Dream“, со што практично започнува нова кариера – како композитор на класична музика.
Хопкинс открива дека музиката, а не актерството, била неговата прва животна љубов. „Музиката беше мојата прва желба, мојот прв сон. Компонирам цел живот“, изјави славниот актер, додавајќи дека некои од композициите на новиот албум ги носи со себе со децении и постојано им се навраќа. Албумот ќе содржи оркестарски дела создадени во текот на последните шест децении, а ќе ги изведуваат престижниот Филхармонија оркестар од Лондон под диригентската палка на прославениот маестро Густаво Дудамел.
Во снимањето учествуваат и виолончелистот Грегорио Нието и пијанистот Серхио Тиемпо, што дополнително му дава тежина на проектот. Првиот сингл „Бракен Роуд“ е инспириран од детството на Хопкинс во Јужен Велс. Композицијата претставува музички омаж на улиците, ливадите, полињата и планините меѓу кои пораснал, додека други дела на албумот се инспирирани од неговото семејство, родната земја и богатата филмска кариера.
Иако јавноста го доживува пред сѐ како еден од најголемите актери на својата генерација, Хопкинс одамна негува и други уметнички страсти. Свири пијано уште од четиригодишна возраст, компонира од младоста, а покрај тоа е и признат сликар. Дел од неговите композиции биле изведувани и претходно, но „Life Is a Dream“ е неговиот најголем и најличен музички проект досега.
Tagged as:
Холивудската легенда ќе се посвети на својата голема љубов – класичната музика
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
