Background

Кога влегла во вилата по заминувањето на гостите, сопственичката затекнала сцена како по дивa забава – мебел во базенот, купишта ѓубре, празни шишиња и лименки, валкани соби и оштетен инвентар

Кога влегла во вилата по заминувањето на гостите, сопственичката затекнала сцена како по дивa забава – мебел во базенот, купишта ѓубре, празни шишиња и лименки, валкани соби и оштетен инвентар.

„И повторно Англичани“, напишала инфлуенсерката покрај видеото што го објави на социјалните мрежи, а снимката за кратко време стана вирална. Според хрватските медиуми, вилата ја изнајмила група британски туристи кои неколку дена престојувале во Новаља за време на музичкиот фестивал Hideout на плажата Зрќе.

По нивното заминување, на сопствениците им биле потребни часови за да го расчистат хаосот и да го подготват објектот за следните гости. Засега не е соопштено дали ќе биде побаран надомест за евентуалната материјална штета. На снимката се гледаат простории преполни со отпад, валкана кујна, неуредни спални соби и мебел што завршил во базенот.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Видеото за само неколку часа собра илјадници прегледи и коментари, а многумина се шегуваа дека заработката од издавањето вили понекогаш знае скапо да се плати. Во коментарите се разви расправа дали станува збор за изолиран инцидент или за проблем што редовно се повторува во текот на летната сезона.

 

 

Дел од корисниците предупредија дека не треба сите британски туристи да се ставаат во ист кош, додека други потсетија дека по големите музички фестивали на Јадранот вакви сцени не се реткост.

Меѓу најгласните критичари имаше и Британци, кои нагласија дека мнозинството нивни сонародници се однесуваат пристојно и со почит кон сместувањето. Слични пораки испратија и туристи од Полска, истакнувајќи дека чистото оставање на апартманот е прашање на домашно воспитување, а не на националност. За сопствениците на апартмани и вили, ваквите случаи се потсетник дека високата заработка во шпицот на сезоната носи и сериозен ризик. Затоа сè повеќе изнајмувачи воведуваат повисоки депозити, построги правила за престој и детални проверки пред и по заминувањето на гостите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation