Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешните објавени податоци за два милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првата половина од годината, оцени дека двата аеродроми годинава ќе ја завршат со над 3,5 милиони патници и оти набргу ќе имаат и 4 милиони.
Николоски во одговор на новинарско прашање оцени дека како резултат на владините политики во авиосообраќајот и отворените 28 нови авиолинии, скопскиот и охридскиот аеродром се најбрзорастечки во своите категории во регионот.
– Денеска излегоа бројките, одлични се, два милиони патници имаме за шест месеци, тоа е раст од над 30% споредено со минатата година. Кога беше избрана оваа Влада бевме нешто над два милиони патници годишно, сега сме два милиони патници за половина година. Минатата година првпат поминавме 3 милиони патници. Оваа година ќе поминеме 3,5 милиони патници и за многу бргу ќе стигнеме до 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо за Македонија. Скопскиот и охридскиот регион се најбрзорастечки во своите категории во регионот, тоа ќе продолжи да биде така. Многу сум горд на оваа политика. Имаме 28 нови дестинации, кризата која беше предизвикана од војната во Заливот скоро и да не се почувствува, а дополнително со керозин од скопскиот аеродром се снабдуваше аеродромот во Приштина, а делумно и аеродромот во Ниш, така што покажавме дека можеме да ги развиваме двата аеродрома и сега одиме на многу повисоки цели- изјави Николоски, при посетата на Тетово.
ТАВ Македонија, концесионерот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, претходно објави дека двата аеродрома во првата половина од годинава опслужиле 1.955.648 патници, што е зголемување од 28% во однос на истиот период лани. Реализирани се 13.167 лета, што е раст од 7,6 %.
Само во јуни скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
