Коалиција на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постојниот објект – поранешната менза во рамките на Касарната „Михајло Апостолски“ – во современ и функционален Младински културен центар во Охрид.
Конкурсот беше реализиран во рамките на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, финансиски поддржана од Општина Охрид, со цел да се обезбеди квалитетно архитектонско решение кое ќе претставува основа за идната реконструкција и развој на нов современ простор наменет за младите.
По завршувањето на процесот на оценување од страна на стручната комисија, беа избрани трите најуспешни трудови.
Добитници на наградите се:
Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков
Соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев
Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин
Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска
Избраното идејно решение ќе послужи како основа за изработка на основниот проект, врз кој Општина Охрид ќе ги планира следните чекори за реконструкција и целосна реализација на Младинскиот културен центар.
Со реализацијата на овој проект, Охрид ќе добие нов современ простор што ќе биде наменет за културни, едукативни, уметнички и младински активности, поттикнувајќи ја креативноста, активното учество и развојот на младите.
Свечената промоција на наградените идејни решенија и доделувањето на наградите ќе се одржат во август 2026 година, во рамките на програмата „Недела на млади“, со која Младински Центар Охрид традиционално го одбележува Меѓународниот ден на младите – 12 Август.
Линк…
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
