Background

Огномети, шишиња и апсења по четвртфиналето, има повредени

Еден полицаец е повреден, а четири лица се уапсени по судирите што избија во центарот на Лондон по победата на Франција над Мароко со 2-0 во четвртфиналето на Светското првенство.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Според соопштението на лондонската Метрополитен полиција, по завршувањето на натпреварот голем број навивачи се собрале на улицата Еџвер Роуд, каде што го блокирале сообраќајот, активирале огномети и фрлале шишиња и други предмети кон полициските службеници.

Во текот на интервенцијата, еден полицаец бил погоден во главата со стаклено шише и бил пренесен во болница. Други повредени не се пријавени.

Полицијата соопшти дека на местото биле испратени дополнителни сили, по што биле приведени четири лица осомничени за учество во насилни нереди. Сообраќајот бил нормализиран околу 1 часот по полноќ.

 

 

Од полицијата порачаа дека нема да толерираат насилство на улиците ниту напади врз полициски службеници и најавија анализа на снимките од безбедносните камери и видеата објавени на социјалните мрежи со цел идентификација на сите учесници во нередите.

Снимките што се појавија на интернет покажуваат десетици полицајци во опрема за разбивање немири, скршени стакла и отпад по улиците, како и лица кои фрлаат чадни бомби и шишиња кон полицијата.

На дел од видеата може да се видат навивачи кои се качиле на телефонски говорници и развеале палестински знамиња, додека толпата ги поздравувала со аплауз. Во друг дел од улицата, еден навивач се качил на семафор, додека зад него биле активирани пиротехнички средства.

 

 

Нереди и во други европски градови

Инциденти беа забележани и во други европски градови.

Во Амстердам интервенираше специјалната полиција, а снимките покажуваат голем пожар на една од улиците и лица кои фрлаат предмети кон возила.

Повредени се пријавени и во Хаг, каде што се собраа голем број марокански навивачи, од кои дел носеа палестински знамиња.

Во Брисел, навивачи активирале огномети и извикувале „Слободна Палестина“, додека во Ротердам дел од насобраните фрлале јајца кон полициските службеници.

За разлика од другите европски градови, во Париз не беа регистрирани поголеми инциденти, иако француските власти распоредија околу 20.000 полицајци низ земјата поради стравувања од можни немири.

Наместо судири, на Елисејските Полиња владееше славеничка атмосфера, каде што француски и марокански навивачи заедно ја прославуваа фудбалската вечер, а улиците беа исполнети со автомобили кои непрекинато свиреа со сирените.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation