Иран и САД втора ноќ по ред разменија удари, дополнително зголемувајќи ги стравувањата дека кревкото примирје би можело целосно да пропадне. Техеран тврди дека погодил американски воени цели во Кувајт, Катар, Бахреин и во Јордан, додека Вашингтон соопшти дека претходно нападнал околу 90 ирански воени цели.
Во исто време, иранските медиуми објавија дека имало нови експлозии во Бушер, Бандар Абас и во други делови на јужен Иран. Според локални власти, еден американски проектил погодил и дел од периметарот на нуклеарната централа Бушер.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави 19 пораки и видеа на својата социјална мрежа Truth Social, претежно поврзани со американските напади врз Иран. Во една од објавите, Трамп рече дека американските напади се одговор на иранските напади врз бродови.
Иранските власти соопштија дека во последните два дена загинале 14 лица, а 78 биле повредени.
Ескалацијата се случуваше додека Иран го испраќаше во вечниот дом ајатолахот Али Хамнеи, убиен на почетокот на војната во американски воздушен напад.
Илјадници луѓе се собраа во Машхад на кулминацијата од повеќедневните погребни церемонии. Дел од присутните носеле транспаренти со пораки против САД и американскиот претседател Доналд Трамп.
Паралелно со воените операции, драматично е намален бројот на бродови што минуваат низ Ормутскиот Теснец, една од најважните поморски рути за светската трговија со нафта.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
