Пратеничката група на ВЛЕН, координаторот Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани биле задржани еден час во средата вечерта на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница. Откако албанските полициски службеници не дале „зелено светло“ за влез во државата на едно од лицата во нивната придружба, целата група македонски политичари се вратила назад.
Според објава на пратеникот Ќоку на Фејсбук, делегацијата патувала кон Тирана по службени обврски, а иако тројцата функционери приложиле дипломатски пасоши, рутинската гранична контрола, која вообичаено трае неколку минути, се претворила во едночасовно задржување без никакво образложение.
Партијата ВЛЕН во соопштение побара објаснување од албанските власти.
„На граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца беа опремени со дипломатски пасоши.
Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖