Background

Прецизни оценки на Мицкоски по средбата со Марта Кос

Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани – рече премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

– Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Изминатиот период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање подобри услови за живот на граѓани. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите.

- Advertisement -
Ad image

Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно.

Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани.

Граѓаните со години покажуваат јасна определба за европската идеја. Во тој период беа донесени тешки одлуки, беа преземени сериозни обврски и беа направени значајни чекори со уверување дека секој исполнет критериум ќе биде вреднуван на објективен и предвидлив начин. Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати.

Нашата определба останува непроменета. Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и затоа што европските вредности ги разбираме како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите.

Истовремено, остануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна, предвидлива европска перспектива.

Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и за натамошно зајакнување на партнерството со Европската Унија, засновано врз доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation