Background

ММФ ПОТВРДИ ДЕКА БАКАРОТ НАЈМНОГУ ПОСКАПУВА ВО КРИЗИ

Воените судири на Блискиот Исток доведоа до драстично поскапување на два метала на светско ниво – бакарот и алуминиумот. Ова го покажува анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), според која прекините во снабдувањето ги зголемиле цените на овие основни метали на пазарите, кои пак и онака се под притисок поради силната побарувачка и ограничената понуда. Засега е неизвесно дали Македонија ќе ја искористи шансата да профитира, со оглед на големите наоѓалишта на бакар во земјава. Додека единствениот рудник за бакар, „Бучим-Боров дол“ ги исцрпува капацитетите, ресурсите кои ги поседува регионот на Иловица и Штука остануваат неискористени.

Инвестицијата продолжува да биде во застој, иако според проценките од геолошките истражувања компанијата би можела да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво. Постојат и други локации на кои сега се истражува присуството на бакар, а една од нив е во близина на Крива Паланка, каде се испитува и антимонот. Претходно, нереализирани останаа неколку инвестиции во рудник за бакар, како што е Казандол и во моментов државата нема големи количини кои може да ги понуди на светските пазари, иако еден тон бакар на

Лондонската берза искачи вредност од над 13 илјади американски долари.

- Advertisement -
Ad image

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнаа дека се залагаат за економски развој, преку почитување на високи еко-стандарди и ги повикаа институциите доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

– Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи – наведоа неодамна од иницијативата.

Додека кај нас проектите за ископ на бакар се соочуваат со низа пречки да го видат светлото на крајот на тунелот, ММФ оценува дека прекините во синџирот на снабдување извршиле сериозен притисок врз цените на основните метали. Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

– Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали… Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда – се наведува во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“.

Покрај овие два критични минерала, од ММФ нагласуваат дека големи предизвици има и со ретките земни елементи, па ги повикуваат владите да промовираат комплементарни структурни реформи што би ги поедноставиле дозволите за рударство и би поттикнале инвестиции во металургијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation