Background

Руска манекенка поради сличноста со Халанд стана вирален хит

Последниве денови како да стана хит да бидеш двојник на Ерлинг Халанд. Иако жените за кои Интернетот се изјасни дека му се двојнички на славниот фудбалер, отпрвин не се воодушевени од споредбата, сепак, изгледа дека ја прифаќаат шегата на своја сметка.

Така, после американската инфлуенсерка, сега се појави и  видео од 24-годишната Анастасија Костромитина од Москва, за која многумина тврдат дека има необична сличност со норвешката фудбалска ѕвезда.

Видеото објавено од нејзината мајка собра повеќе од четири милиони прегледи за само неколку дена, а откако беше споделено на други платформи, вкупната гледаност порасна на десетици милиони. Доволно е да се погледнат неколку секунди за да стане јасно зошто споредбите го преплавија интернетот.

- Advertisement -
Ad image

Мајката на Анастасија објави видео во кое нејзината ќерка ги имитира карактеристичните изрази на лицето, позите и прославите на головите на Халанд. Клипот брзо стана вирален, а коментарите само се нижеа.

Некои се пошегуваа дека двајцата би можеле да бидат поврзани, додека други напишаа дека „ДНК тест не е потребен“.
Анастасија признава дека на почетокот воопшто не била задоволна од споредбите.

– Поминав низ сите фази на негирање. На почетокот, не разбирав како луѓето мислат дека личам на Халанд. Искрено, дури и малку се навредив – рече таа.

Сепак, со текот на времето, таа се предомисли.

– Денес, воопшто не мислам дека е лошо да изгледаш како толку успешен спортист. Затоа решив да ја прифатам шегата и да се забавувам со неа.

Таа додаде и дека негативните коментари повеќе не ја мачат.

– Кога се појавија хејтери, сфатив дека видеото навистина стана вирално. Искрено, има многу повеќе позитивни коментари, а овие негативните само дополнително ја зголемуваат гледаноста.

Инаку, Анастасија е професионален модел и соработувала со брендови како што се Clarins, Dyson, Uniqlo и Lamode. Таа вели дека луѓето првпат ѝ кажале дека личи на Халанд пред околу четири години, но дури сега, благодарение на Светското првенство и брилијантните настапи на Норвежанецот, споредбата стана вирална.

Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, многумина сметаат дека ова е една од најубедливите спортски „двојници“ што се појавиле во последниве години. И кога ќе го погледнете видеото, лесно е да се види зошто.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation