Градежните работи на долгоочекуваниот автопат Скопје–Блаце треба да започнат од следниот месец, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценуваат дека Владата преминува од ветувања кон реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава.
Од партијата соопштуваат дека Македонија интензивно инвестира во патната инфраструктура и дека во моментов се реализираат капитални проекти низ целата држава, со цел земјата да стане значајна сообраќајна крстосница на Балканот.
„Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје–Блаце, преку која Македонија ќе добие подобра поврзаност со Косово, како и пристап до пристаништата во Албанија и Црна Гора“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека, за разлика од претходниот период, кога, како што тврдат, проектот останувал само на ветувања, сега се обезбедени сите неопходни предуслови за негова реализација.
„Додека за овој автопат само се даваа празни ветувања и се купуваа парцели долж предвидената траса од лица со сомнителна позадина и лица поврзани со одредени политички партии, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша договори, обезбеди финансиски средства, избра консултант и изведувач, а постапката за избор на надзор е во тек“, наведуваат од партијата.
Во соопштението се осврнуваат и на изградбата на автопатот Охрид–Кичево, посочувајќи дека веќе се вози по 37 километри од трасата и дека се очекува целиот автопат да биде пуштен во употреба на почетокот на 2027 година.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во изминатите две години биле решени голем број наследени проблеми, меѓу кои експропријацијата, измените на техничките стандарди за асфалтирање и решенијата за косините преку изградба на галерии.
Партијата информира дека со забрзана динамика продолжува и изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10Д, каде, според нив, исто така се решаваат долгогодишни административни и имотно-правни пречки.
„Инвестирањето во патната инфраструктура доведе до тоа во Македонија да се случува градежен бум каков што не е забележан во поновата историја на државата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
