Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со НЕС.
На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.
Според договорот, избраниот конзорциум има обврска до крајот на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит, како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.
Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите институции на национално ниво, подобра соработка, како и координирани активности во рамките на овој систем.
Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан, каде што една од компонентите е имплементацијатa и на овој Национален едношалтерски систем, што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.
Tagged as:
извоз и транзит ќе се добиваат електронски од едно место Сите дозволи за увоз
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
