Background

Се повеќе компании од авто-индустријата воведуваат нови модели со лесни, економични алуминиумски електрични инсталации, приклучувајќи се кон трендот за замена на бакарот

Се повеќе компании од авто-индустријата воведуваат нови модели со лесни, економични алуминиумски електрични инсталации, приклучувајќи се кон трендот за замена на бакарот.

Американските производители на електрични возила „Тесла“ и кинеските производители на електрични возила веќе се одлучија за алуминиум, што го одразува трендот во индустријата за кој се предвидува дека ќе влијае на околу 2% од глобалната побарувачка за бакар оваа година, според аналитичарите на „Џеј-Пи-Еј Морган“.

Во наредните години, уште повеќе бакар би можел да се замени со алуминиум поради структурниот пораст на цената на црвениот метал под влијание на недостигот и поголемата побарувачка во секторите за зелена енергија и центри за податоци.

- Advertisement -
Ad image

Фирми во неколку сектори се одлучуваат за алуминиум поради далеку пониските цени и сличните перформанси.

Ферари и БМВ изјавија дека го избрале алуминиумот делумно затоа што е полесен од бакарот, но некои од компаниите откриваат дека и цената била причина за замената.

– Замената ја намалува вкупната маса на електричните инсталации за дури 20% – објаснува Дарио Еспозито, директор за комуникации во Ferrari и додава дека намалената маса значи поголемо растојание помеѓу полнењата.

Германскиот BMW моментално користи голем број алуминиумски кабли во високонапонски и нисконапонски системи во најновата технологија eDrive EV.

Во изминатите две децении, замената на бакарот со алуминиум доаѓаше во бранови, но дополнителната потреба за преминување на алуминиум беше предизвикана од рекордните цени на бакарот.

Алуминиумот чини околу 3.100 долари по тон, а бакарот е околу четири пати поскап.

Прогнозите за глобалната понуда и побарувачка за следните десет години укажуваат на недоволна понуда на бакар, додека продажбата на алуминиумски цевки за греење, вентилација и климатизација, кои ги заменија бакарните, континуирано расте веќе неколку години.

Владата на Кина, најголемиот потрошувач на метал во светот, ги охрабри фирмите да се префрлат на алуминиум во стратешкиот документ од март 2025 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation