Македонскиот тенисер Калин Ивановски со освојување на победничкиот пехар го заврши настапот на овогодишниот турнир Macedonian Open, откако попладнево во финалето во Скопје го совлада Владислав Орлов од Украина со 2-1 во сетови (6-1, 0-6, 6-2) за 2 часа и 30 минути.
Ивановски на тој начин ја продолжи серијата победи по повредата на крајот од 2023 и сега има 13 победи и само еден пораз – две учества во финале на турнири од М25 серијата и четири победи за Дејвис куп репрезентацијата на Македонија.
Македонскиот тенисер финалето го почна одлично и по 1:1 во гемови направи два брејка и со ас сервис го заврши сетот добивајќи го со 6:1.
Но, во вториот сет сосема различна слика иако на теренот во првите гемови не беше така. Во првиот гем на сервис на Орлов беа одиграни 18 поени, а Ивановски имаше две брејк шанси сепак противникот поведе со 1:0, а во следниот гем направи брејк за водство од 2:0. Ивановски во четвртиот и во шестиот гем спасуваше по две брејк топки, но сепак Орлов сетот го заврши со 6:0.
Во третиот сет клучниот момент дојде во вториот гем на сервис на Ивановски, кога по 20 одиграни поени и три спасени брејк топки македонскиот тенисер израмни на 1:1 во гемови. Во следниот гем, Ивановски тенисер го освои гемот на сервис на противникот и поведе со 2:1, а оваа предност ја удвои со освојување на седмиот гем за водство од 5:2 во гемови. Последниот гем беше реализација на претходно сработеното.
За Ивановски ова беше 11. финале во кариерата и шеста турнирска победа, а прва по јули 2023 во австриски Крамсах.
За победата на турнирот во Скопје, Ивановски освои 25 АТП поени и 4.065 американски долари.



ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
