Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“.
Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација?
Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?
Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија – колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува.
Додека граѓаните плаќаат високи сметки и се соочуваат со нестабилно снабдување, овие центри ќе ја влошат енергетската криза и ќе ги зголемат цените за сите.
Дали мисли и на уништување на екосистемот?
Дата центрите бараат огромни количества вода за ладење, генерираат големи количини отпадна топлина и трајно ја деградираат животната средина.
Наместо зелена транзиција, добиваме нови загадувачи кои ќе ја уништат природата за профит на странски компании.
Инвестиции во луѓе? Или увоз на работници од трети земји познати како „економски работници“?
Мицкоски вели дека „инвестициите во луѓето и иновациите се иднината на економијата“.
Прашуваме: Кои инвестиции во луѓе?
Додека младите Македонци масовно заминуваат, Мицкоски најавува дека ќе ги заменува со „економски работници“ од трети земји.
Владата веќе ја зголеми квотата за странски работници на 10.000 во 2026 година – двојно повеќе од претходната година.
Дури најави нови 50.000 економски работници за наредната година.
Дали на тоа мисли кога зборува за „инвестиции во луѓе“?
Дали инвестира во мигранти на кои им ветува работна виза, вработување и стан?
Дали е тоа оној модел за кој британските медиуми пишуваа – 20.000 фунти по лице, со обезбеден престој и работа?
Мицкоски нема иновации.
Мицкоски нема стратегија за задржување на младите.
Мицкоски има само план за увоз на нова работна сила која ќе ја замени онаа што ја избрка со својата политика.
Наместо да инвестира во македонските граѓани, тој ја отвора вратата за странски работници, додека истовремено лаже дека „нема мигранти“.
Ова не се инвестиции во луѓе.
Ова е замена на луѓето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
