Мистериозна фигура со црна капа, снимена од безбедносни камери непосредно пред силната експлозија во Монако, стана главна трага во истрагата што го потресе кнежевството. Француските медиуми објавија дека истражителите се сомневаат оти зад нападот стои жена која се обидела да го сокрие идентитетот претставувајќи се како маж.
Во експлозијата беа повредени 3 лица, меѓу кои и украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев, кој со години живее во Монако.
Обвинителството во Монако соопшти дека е издадена потерница за осомниченото лице. Станува збор за странски државјанин кој повеќе не се наоѓа на територијата на кнежевството.
Властите потврдија и дека е активирана црвена потерница преку Интерпол.
Јавниот обвинител Стефан Тибо не сакал да го открие идентитетот на осомничената.
– Благодарение на соработката меѓу полициите на Монако и Франција, лицето осомничено за нападот беше идентификувано во многу краток рок – изјави Тибо.
Според истрагата, надзорните камери во понеделникот вечерта снимиле лице како остава пакет во влезниот дел од станбена зграда.
Кратко потоа следувала експлозија.
Истражителите сметаат дека не станува збор за терористички напад, туку за обид за убиство. По детонацијата, осомниченото лице било забележано како бега кон француската општина Босолеј, која се наоѓа веднаш до границата со Монако.
Иако властите официјално не ги соопштија имињата на повредените, локалните медиуми објавија дека мета на нападот бил Вадим Јермолаев, заедно со неговиот партнер и син.
Во експлозијата биле повредени 3 лица. Меѓу нив имало и 13-годишно дете. Според последните информации, животот на Јермолаев повеќе не е во опасност. Состојбата на повредената жена останува сериозна.
Јермолаев е бизнисмен кој богатството го стекнал во украинскиот град Дњепар. Во 2019 година се откажал од украинското државјанство и станал државјанин на Кипар. Киев му воведе санкции во декември 2023 година. Украинските власти тврдат дека неговите компании продолжиле да работат на анектираниот Крим и по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Според листата на „Форбс Украина“, во 2020 година бил рангиран меѓу најбогатите Украинци со проценето богатство од околу 230 милиони долари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
