Background

ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ

За само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 процент сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и 6 автопатски делници вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите.

– Овие две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е повеќе од доволно. Ги зголемивме пензиите за 7.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, ако се земе во предвид дека просечната пензија беше некои 14.000, 15.000 денари пред оваа влада, за две години да ја зголемите за 40, 45 проценти е значаен параметар. Ако претходно економскиот раст беше 1,8 процент годишно, сега е 3,5 проценти, значи двојно на БДП. Порано учениците цела година немаа учебници сега ги има од април за во септември. Пред некој ден со министерката имавме промоција на нови 60.000 учебници кои учениците ќе ги добијат на први септември, а за претходната влада ова претставуваше сериозен предизвик – рече Мицкоски во интервју за Сител.

- Advertisement -
Ad image

Се градат 6 автопати, додаде тој.

– Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на Блаце-Скопје, конечно автопат кој што го чекаат граѓаните со децении, кој што го доби македонска компанија. А многу наскоро ќе биде завршен и процесот на Букојчани-Кичево, догодина ова време ќе треба да го користиме автопатот Кичево-Охрид. Исто така, догодина ова време ги очекувам првите 10 километри од автопатот Прилеп-Битола да бидат пуштени во двете насоки и во полн ек да биде изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Така што за прв пат сега се случува да имаме во еден момент 6 автопатски делници кои се работат – рече Мицкоски.

Во земјоделството, посочи, имаме напредок во кој било сегмент, додаде тој.

– Во 2024 година 16 милиони килограми тутун, во 2025 година 26 милиони килограми тутун. Грозјето 2024 година 70 милиони килограми, 2025 година 120-130 милиони килограми. Празни акумулации август 2024 година 8 проценти, денеска се полни 80 проценти. Три неисплатени плати во Национални шуми и Водостопанство, денес тие обврски се сервисираат редовно – посочи премиерот Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation