Background

ММФ И СВЕТСКА БАНКА ЌЕ ПРАВАТ АНАЛИЗА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека официјално не е разговарано, ниту е донесена некаква конечна одлука за спроведување некаква пензиска реформа, иако се размислува во таа насока.

Таа најави дека ММФ и Светка банка ќе прават анализа на пензискиот систем и ќе дадат одредени препораки, кои потоа ќе се разгледуваат без да се има обврска да се прифатат и  спроведат.

– ММФ и Светска банка немаат направено комплетно анализите во државата. Сега побараа и ние се согласивме да направат анализа на пензискиот фонд, по што ќе дадат одредени препорки кои не значи дека ќе бидат прифатени од Владата. Ќе имаме анализа на прв, втор столб, да видиме што се случува таму и какви препораки ќе добиеме. Веројатно ќе кажат да ја зголемиме старосната граница за пензионирање, што е очекувано нешто, а дали Владата ќе прифати или не, ќе видиме. Но, да почекаме да ги направат анализите- рече таа.

- Advertisement -
Ad image

Министерката откри и дека од она што го кажале од ММФ засега проблемите за пензискиот фонд произлегуваат од демографските карактеристики на земјата

– ММФ дава некои податоци дека најголемиот проблем со пензискиот фонд, генерално, ќе биде проблемот со демографијата. Премиерот има одредени размислувања околу тоа. Се друго на среден рок ќе се стабилизира, но проблемот со демографијата е сериозен. Ако нема подобрувања, тогаш на подолг рок ќе има сигурно негативни влијанија – рече Димитриеска -Кочоска.

Таа очекува една од препораките на меѓународните финансиски институции да биде зголемување на старосната граница за пензионирање, но вели дека тоа не значи автоматски и промена на законските решенија.

Нејзино, лично мислење, како што рече, за ова прашање е да не се  зголемува границата на пензионирање, туку да им се остави на идните пензионери сами да изберат дали ќе продолжат да работат.

– Во однос на старосната граница лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините и да се даде можност кој сака да продолжи. Треба да се даде опција на секого да одлучува што ќе прави понатаму, бидејќи има професии кои се тешки каде што работниците очекуваат побрзо да одат во пензија и полесни професии каде што тие можат подолго да работат – рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на исплатите од првиот во вториот пензиски  столб, министерката, уверуваше дека во буџетот веќе е испланиран вкупен трансфер од 19,6 милијарди денари за годинава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation