Руските екстремни качувачи Ангела Николау и Иван Бееркус повторно го шокираа светот, откако без заштитна опрема се искачија на самиот врв на облакодерот „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, висок 443 метри.
Двојката помина најмалку 10 минути на врвот на кулата, каде разви транспарент со пораката: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“.
На една од платформите на кулата, Иван клекна на едно колено и ја побара Ангела за сопруга. Таа ја прифати понудата, по што се бакнаа и продолжија да се спуштаат. Потоа ги приведе њујоршката полиција.

Против нив е покрената истрага, а според американските медиуми, се соочуваат со обвиненија за провала, нелегално влегување и за загрозување на безбедноста.
Николау и Бееркус се меѓу најпознатите светски „руфтопери“ – лица кои нелегално се качуваат на облакодери и други високи објекти без безбедносна опрема. Нивната необична животна приказна беше прикажана и во документарниот филм „Skywalkers: A Love Story“, објавен во 2024 година.

Инцидентот предизвика големо внимание кај минувачите и туристите на Менхетен, додека полицијата со хеликоптер и со дрон ја следеше ситуацијата. Засега не е познато како двајцата успеале да стигнат до затворениот дел од кулата, кој е недостапен за посетители.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
