Министерството за внатрешни работи соопшти дека при вчерашните претреси во Демирхисарско лишени се од слобода четири лица откако кај нивните домови е пронајдено оружје.
– Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети. Исто така на 01.07.2026 во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од с. Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар – посочуваат од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по документирање на настаните против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
