Background

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула.

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен и поразителен за животниот стандард на граѓаните.
„Оваа влада нема ни знаење, ни капацитет, а очигледно ни желба да ја контролира. Така да од оваа владина реконструкција ќе видиме само нови имиња. Се поставува прашањето имаат ли луѓето што се предлагаат, ги задоволуваат ли критериумите, дали се соодветно квалификувани за местата за коишто се предлагаат. Од оваа нова влада, повторно, граѓаните нема да видат ништо. Повторно една голема нула.“, рече Филипче.
Филипче посочи дека во овие две години, единствено нешто со што се соочивме е зголемување на сиромаштијата, никаков раст на платите, ниту на минималната, ниту на просечната плата.
„Огромен раст на трошоците коишто оваа влада ништо не презема да ги стави под контрола, трошоците за живот луѓето веќе не може да ги менаџираат. Пад на странските инвестиции за 60%, пад на индустриското производство, имаме денес нов податок, го споредуваме со ланскиот пред една година, значи економијата исклучиво надолу оди“, обвини Филипче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation