Background

ОД 1 ЈУЛИ ПОНИСКИ ЦАРИНИ ЗА 70 СУРОВИНИ И РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за царинската тарифа, со кој од 1 јули 2026 година ќе стапат во сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија, соопшти Министерството за финансии.

„Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на конкурентноста на македонската економија. Намалувањето на царинските стапки ќе придонесе за намалување на трошоците на компаниите, особено во преработувачката индустрија и ќе овозможи подобри услови за производство и извоз. Мерката е насочена кон зајакнување на извозната конкурентност на домашните компании, зголемување на инвестициите, отворање нови работни места и обезбедување повисок девизен прилив во државата“, соопшти Минитерството.

Измените, се додава во соопштението, се подготвени во консултација со стопанските комори и претставуваат продолжение на реформите започнати минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше реализирано првото намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки што важат во Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

Со новите измени се предвидува целосно усогласување на царинските стапки за овие производи со стапките што се применуваат во Европската унија, при што се земени предвид и правилата на Светската трговска организација.

– Со усвојувањето на овој закон испраќаме јасна порака дека сме посветени на создавање поконкурентна и поотпорна домашна економија. Од 1 јули компаниите ќе имаат пониски трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што директно ќе влијае врз нивната продуктивност, конкурентност и извозен потенцијал. Нашата цел е македонските компании да имаат услови што се споредливи со оние во Европската Унија, да инвестираат повеќе, да отвораат нови работни места и да создаваат поголема додадена вредност во економијата – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека Владата продолжува да спроведува политики кои обезбедуваат предвидливо и поволно деловно окружување и силно партнерство со бизнис-заедницата, со крајна цел забрзување на економскиот раст и обезбедување повисок животен стандард за граѓаните.

Мерката директно ќе придонесе за поддршка на автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, а се очекува позитивно влијание врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и бројот на вработувања, потенцира Министерството за финансии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation