Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поголемо поместување кај цената на бензините, во однос на претходната недела и како што рече денеска би имало нивелирање за околу половина денар на безоловниот и на дизел горивото.
– Со тоа повторно остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата – рече Мицкоски.
Тој повтори дека ќе мора да се прават промени во акцизната политика затоа што сме, посочи, единствениот случај каде што дизел горивото е поевтино од безоловниот бензин.
– Нека се стабилизира кризата, нека легнат работите. Мислам дека акцизите треба за едните и за другите горива да се нивелираат, со тоа што едните ќе се намалат, а другите ќе се зголемат. Такво е искуството и примерот во сите соседни земји, никаде немаме толку драматично поевтин дизел отколку што е безоловниот бензин. Секаде во принцип дизелот е поскап и тоа многу поскап од безоловниот бензин. Нека легнат работите, нека конечно дојде очекуваниот мир и да почнеме да размислуваме во таа насока – рече Мицкоски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
