Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Катар ќе ослободи шест милијарди долари замрзнати ирански средства.
Пезешкијан е највисокиот ирански функционер кој го спомена ослободувањето на средствата што ги држи Катар, клучен посредник во разговорите со Пакистан.
Американските претставници досега тврдеа дека замрзнатите ирански пари не се ослободени.
– Врз осноа на направените планови, шест милијарди долари од вкупно 12 милијарди долари ирански ресурси во Катар ќе бидат ослободени и вратени во земјата, а потоа се спроведуваат потребните мерки – рече Пезешкијан, објави државната новинска агенција ИРНА.
Иран вчера ги нападна Бахреин и Кувајт со беспилотни летала , по новите воздушни напади на САД врз Исламската Република.
Техеран се закани дека целосно ќе ги прекине разговорите за завршување на војната ако Вашингтон продолжи со нападите.
Tagged as:
КАТАР ЌЕ ОСЛОБОДИ 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИРАН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
