Премиерот Христијан Мицкоски најави нова методологија за следење на цените и детална анализа на цените на прехранбените производи, во што, како што рече, е вклучен и самиот тој.
Цел е, како што рече, да се идентификуват производите што влијаат врз потрошувачката кошница.
-Детално навлегуваме во ова проблематика и работиме на нова методологија за следење на цените. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи што влегуваат во статистиката и тоа за мене е врвен приоритет – рече Мицкоски.
Според него, добро е тоа што Евростат објави дека основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа и изнесува околу 49,7% од европскиот просек со што ги демантира тврдењата на опозицијата.
-Дали е тоа доволно? Не е доволно. Треба да продолжиме да работиме и ќе работиме. Јас личн работам на методологија за идентификување на тие 600 до 700 производи што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме. Ако треба, фактура по фактура, еден по еден производ ќе ги анализираме – рече Мицкоски.
Тој рече дека ќе се оди до таму што ќе се анализира секој производ поединечно со цел да се утврди каде постои простор за реакција.
-Ова е темелна операција што лично ја водам и очекувам многу скоро да даде резултати кои ќе бидат видливи на терен – рече Мицкоски.
Tagged as:
СЕ ПРАВИ ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
