Background

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов во чест на Светскиот ден на животната средина, реализира активности за чистење на плажите од хотелот „Мизо“ према плажата Лабино, на крајбрежјето на Охридското езеро

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов во чест на Светскиот ден на животната средина, реализира активности за чистење на плажите од хотелот „Мизо“ према плажата Лабино, на крајбрежјето на Охридското езеро. Со тоа, ИПА Охрид се приклучи кон еко иницијативата на светската ИПА за чистење на плажите  – IPA Beach Clean-Up, како годишен глобален настан што ги обединува членовите на ИПА за заштита на нашите крајбрежја, славење на грижата за животната средина и промовирање на вредностите на меѓународното пријателство преку акција. Оваа еко иницијатива е исто така во согласност со кампањата на Организацијата на Обединетите нации (ООН) „ACT NOW“, промовирајќи индивидуална акција за климатските промени и одржливоста.
Загадувањето на плажите предизвикано од пластичен отпад, рибарска опрема, смет и други отпадни материјали продолжува да ѝ штети на нашата животна средина. Преку оваа иницијатива, сакаме да ја подигнеме свеста, да им се придружиме на сите кои периодов реализираа вакви еко акции, да ги поттикниме останатите да почнат да делуваат за зголемена еко совест, да ги заштитиме нашите крајбрежни линии и да го зајакнеме духот на пријателство во рамките на нашата заедница – Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), да придонесеме за зголемен степен на чиста околина, чисто езерско крајбрежје. Овој проект е наш начин да придонесеме и преземеме одговорност и да направиме видлива разлика – едно парче ѓубре помалку на плажите, сто лајкови повеќе за чистите охридски плажи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation