Background

Отворено 41-то издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“.

Синоќа во Галеријата „Ѓорѓија Целески“ во Белчишта свечено го отворивме 41-то издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“.
🏛️ Како најстара ликовна колонија во Македонија, оваа година твориме под моќното мото „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“, покажувајќи дека иднината се гради врз темелите на минатото.
🗣️ Во моето обраќање пред присутните, со гордост истакнав дека веќе 41 година ова место е светол пример како уметноста ги спојува луѓето, културите и времињата.
❤️ Посебно сакам да им се заблагодарам на домашните и странските уметници кои со својот талент го прават Белчишта вистински космополитски центар на уметноста.
🌱 Годинава нашето уметничко семејство се зголеми, па искрено го поздравувам новиот бран на млади креативци кои носат свежи идеи и нови светогледи.
👩‍🎨 Претседателката на здружението, Мартина Целеска, одлично поентираше дека Дебрца одамна прерасна во духовен простор, потсетувајќи не дека галеријата денес чува над 700 уметнички дела што е наше непроценливо богатство.
🌍 Оваа година ни гостуваат реномирани автори од Македонија, Србија, Словачка и Велика Британија, предводени од почесниот гостин, истакнатиот македонски уметник Јордан Манасиески.
🎶 Свеченото отворање го збогатија младата гитаристка Георгина Јанкоска, фолклорниот ансамбл „Св. Петар и Павле“ од Мешеишта и познатиот гајдаџија Целе Блажески.
🥂 Нека ни е успешна и плодна 41-та ликовна колонија, продолжувајќи ја визијата на нејзиниот основач!
📸Анамарија Момироска

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation