Патниците кои денеска патуваат од Меѓународниот аеродром Скопје треба да тргнат значително порано од планираното, бидејќи поради сообраќајна незгода е затворен главниот приод кон аеродромот од правецот на Скопје.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од Скопје кон аеродромот.
Поради тоа, целиот сообраќај се пренасочува преку клучката Рафинерија кај Миладиновци, од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот.
Оваа информација е особено важна за патниците кои доаѓаат од Скопје, но и за големиот број граѓани од Косово кои го користат скопскиот аеродром, бидејќи алтернативната рута може да предизвика дополнителни задржувања и ризик од доцнење на летовите.
Од ТАВ Македонија потврдуваат дека поради незгодата е изменет режимот на сообраќај кон терминалната зграда.
„Сите возила се пренасочуваат по алтернативен правец, а патниците и посетителите треба да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда“, информираат од аеродромскиот оператор.
Оттаму апелираат патниците внимателно да ги следат упатствата на надлежните служби и да предвидат дополнително време за пристигнување на аеродромот, сè до целосно нормализирање на сообраќајот.
Засега нема информации кога сообраќајот на главниот приод кон аеродромот повторно ќе биде пуштен во функција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
