Background

Министерот Николовски докажа: со итна акција против бетонски дивеење се штити старото градско јадро на Охрид

Откако вчера Охрид обзнани за нелегална градба во стариот дел на градот, со прашањето кој дозволил бетонско дивеење во старото градско јадро на Охрид, денес стигна експресна реакција од министерот Николовски.

Министерот Александар Николовски, преку соопштение до јавноста, наведе следново:

„Почитувани, по информации добиени од јавноста, информираме денеска, државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП 15972, КО Охрид 3, во старото градско јадро во Охрид.

- Advertisement -
Ad image

При инспекцискиот надзор, утврдено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено.

Согласно наодот на државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот, согласно позитивните законски прописи.

Министерството за транспорт останува силно посветено на борбата против нелегалните објекти, доследно и без исклучоци, насекаде низ државата. Законот за градење важи подеднакво за сите и нема да има селективна примена.

Нема да дозволиме дивеење со бесправната градба и узурпација на јавното добро. Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти, со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор“.

Брзата реакција на министерот Александар Николовски заслужува пофалба, бидејќи покажа дека со одлучност и итна институционална акција може да се стане спротив бетонското дивеење, наместо тоа да се толерира со месеци или години, како што е случај со многу други дивоградби во Охридскиот регион. Само на овој начин, со конкретни мерки и без одложување, може да се спречи анархијата и безредието во градежништвото.

Токму поради тоа, се поставува прашањето дали истата одлучност и итнина ќе се применат и кај другите познати случаи на бесправна градба во Охридскиот регион. Охридскај веќе извести за нова дивоградба во месноста Елешец, на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, само четириесет метри од брегот на Охридското Езеро, заштитен со статус на УНЕСКО. Според наводите, зад спорната градба стои Атанас Џуровски, вонреден професор на Правниот факултет во Кичево, а на градилиштето нема истакната табла со податоци за инвеститор, изведувач и одобрение за градба.

Повикот е истата мерка, без селективност, да се примени и врз овој објект, како и врз секоја друга бесправна градба,висококатноца од 5 ката, во заштитениот појас околу Охридското Езеро, вклучително и во подрачјето на Залив на Коски и Градиште, каде заштитеното природно и културно наследство дополнително го налага итно постапување на надлежните институции.

И Охридскај, Ohridsky.com

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation