Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули.
Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули.
Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на плажата. Во областа се пријавени и други потенцијално опасни видови ајкули.
И вчера во близина на Бондаи беше забележана ајкула, а сурферите беа предупредени да излезат од водата.
Зголемената тревога доаѓа две недели по сериозниот напад на ајкула на плажата Куги во источниот дел на Сиднеј, каде што 35-годишна жена претрпе повреди опасни по живот и ѝ беше ампутирана раката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
