Background

БУЏЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА 200% ВО ОДНОС НА 2023 ГОДИНА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во рамки на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година.

-Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023  на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200% раст. Се отворивме кон нови пазари, кои се реализираа во тесна соработка со приватниот сектор. Заеднички се претставивме на роуд-шоуа и Б2Б настани во Германија, Шпанија, Финска, при што особено се издвојува настанот „New Deal of Europe“ во Лондон. Преземени се подготвителни активности и интензивна комуникација со туроператори од Холандија и Полска – рече Љутков.

Тој додаде дека со измена на законот за игри на среќа, за развој на туризмот ќе се добиваат дополнителни 4% и соопшти дека во јули ќе се отвори Инфоцентарот за туристи во центарот на Скопје, со што секој турист ќе има можност на едно место да се информира за сите културни, историски и туристички содржини.

- Advertisement -
Ad image

-Особено сум горд  дека за многу краток период поставени се темелите на стратешкиот документ за туризмот со акциски план во кој со конкретни мерки ќе ја позиционира Македонија, не само како дестинација за кратка посета, туку, како конкурентна европска дестинација со автентично искуство, повисока вредност и поголем локален импакт – вели Љутков.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation