Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на поставено прашање од пратеникот Венко Филипче дали се чувствува виновен за одредени политики, јасно и децидно кажа дека се чувствува виновен за тоа што луѓето како него и неговиот претходник Зоран Заев, кои имаат голем број на криминални афери, се на слобода, вели Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ако убаво се слушне прашањето коешто беше поставено од страна на пратеник, одговорот беше многу соодветно даден во детали. Така што не можам да се согласам дека станува збор за каква било закана, таа говорница таму има за цел да ги спротивстави аргументите и мислам дека кога аргументите не ни се допаѓаат не треба да ги квалификуваме како закана или ветување – рече Митева во гостување на ТВ24.
Таа додаде дека барањето за правда не е некаква закана, затоа што оној којшто ги поставува прашањата, во случајот претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е човек кој има зад себе огромни скандали, афери и криминали.
– Ако прашањето беше дали се чувствувате виновен, премиерот одговори за што се чувствува виновен, за тоа што луѓето кои денес ги поставуваат прашањата и зборуваат во негативни конотации се луѓето коишто изминативе 7 години придонесоа многу од тие состојби да бидат наследени и многу од тие состојби да треба оваа влада предводена од Христијан Мицкоски да наоѓа решение како да ги поправи, за да дадеме една правилна насока во движење на државата. Така што, не сметам дека за човек којшто зад себе и зад своето име има огромни скандали и огромни криминални состојби коишто беа презентирани во јавноста, барањето за правда е каква било закана – рече Митева.
– Сметам дека изјавите на премиерот одат во насока на обелоденување на состојбите коишто се случуваат во правосудството, детектирање на слабостите и непостапувањето и немањето на одговорност на сите оние поранешни функционери коишто навистина се огрешија пред законот. Мислам дека барањето на правда којашто не само ние, туку сите граѓани ја очекуваат, се толкува на еден или на друг начин. Се избегнува од суштината на клучното прашање, а тоа е дали навистина ние цениме дека правдата треба да важи селективно или треба да важи подеднакво за сите. Така што можеме ние да навлеземе во толкување дали е соодветно несоодветно, дали најавата од собраниска говорница била закана и така натаму, но суштината на прашањето е дали за случаите коишто беа во минатото има одговорност за тие коишто денеска од говорница собираат храброст да зборуваат и да даваат некакви оценки – истакна Митева.
Оценката, додаде, ја даваат граѓаните.
– Најголемата оценка во државата за политиките и за она што се случува знаеме кој ја дава, а тоа се граѓаните. Така што нивната оценка се виде, а јас сум сигурна дека оценката ќе ја види и оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски на идните избори – заклучи Митева.
Tagged as:
Правдата мора да важи подеднакво за сите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
