Во Европската Унија минатата година 16,5 % од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9% од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.
Околу 17,3 милиони лица во Германија живееле во едночлени домаќинства. Во споредба со 2005 година, кога такви биле 14,2 милиони луѓе, овој број значително се зголемил. Најголем дел од лицата кои живеат сами се постари граѓани. Кај лицата над 65 години, повеќе од една третина, односно 34,4%, живеат сами, додека кај оние постари од 85 години таков е секој втор жител или 55,8 %.
Бројот на лицата кои живеат сами во Германија расте пропорционално со големината на населеното место. Во градовите со повеќе од 100.000 жители, нивниот удел изнесува 25,9%, додека во општините со помалку од 20.000 жители е 17,2%. Просекот на лицата што живеат сами во ЕУ е 16,5 %, но разликите меѓу земјите се значителни.
Поголем удел отколку во Германија има во Литванија со 31,4%, Финска со 25,8%, Данска со 24,3 %, како и во Естонија и во Шведска, каде што уделот изнесува по 22 %. На спротивниот крај на листата се Словачка со три проценти Ирска со 8,1%, и Полска со 9,2 %.
Иако лицата што живеат сами сочинуваат околу една петтина од германското население, нивниот удел во вкупниот број домаќинства е значително поголем. Од вкупно 41,1 милион домаќинства во Германија, дури 42,1 процент минатата година биле едночлени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
