Background

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НЕ Е ЗНАК НА КРИЗА, ТУКУ НА НОВА ЕНЕРГИЈА

Реконструкцијата е сосема нормален чин, кој гарантира дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија што ќе овозможи реализирање на повеќе проекти изведени на подобар начин, посочи проф. д-р Александар Спасеновски од Правниот факултет при УКИМ во „За или против“ на ТВ Алфа.

Професорот смета дека е важно да се истакне свесноста за тоа дека треба тимот да се менува и да се унапредува затоа што тоа ќе биде нов ветер во едра за поенергична работа на Владата.

– Реконструкцијата како чин, тоа е нешто сосема нормално. Особено нормално во демократски општества кои имаат наталожено проблеми и во коишто постојат големи очекувања од страна на владата и од страна на граѓаните во однос на владата.Тоа е едниот аспект во демократски држави во коишто постојат коалициски влади формирани врз основа на изборни математики во законодавната власт и сосема нормално е после одреден веменски период да се размислува како била водена државата и дали нешто може да се поправи, да се сетира, да се прилагоди за да има уште подобри резултати во следниот период до оддржувањето на изборите, независно дали тие ќе бидат редовни или предвремени – цени универзитетскиот професор.

- Advertisement -
Ad image

Во интервјуто со Љупчо Цветановски, Спасеновски потенцира дека ова не е реконструкција која се прави за да се оддржи владата, како што беше случај со владите од 2017 до 2024 година кои беа на стаклени нозе.

– И бидејќи нема ризик за актуелната влада да падне мноинзството под 61 пратеник, една од најверојатните причини зошто се прави оваа реконструкција од страна на првиот човек во извршната власт, а тоа е претседателот на владата, премиерот, е желбата да се даде поголема енергија, поголем ветер во едра во насока на реализирање на предизборните ветувања. Зошто, заради тоа што во оној момент кога една политичка партија или една коалиција ќе ја добие довербата од граѓаните, таа има свој највисок легитимитет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation