Background

ЗАПОЧНУВА OHRID WINE FESTIVAL

Под покровителсто на Општина Охрид, а во организација на „Крафт продукција“ утревечер во градов започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival.

Тридневниот настан  кој нуди вина од земјава и Светот, вкусни јадења и  богата културно уметничка програма ќе се одржува на платото на кеј Македонија   пред хотелот Палас со почеток во 20:00 часот.

 

- Advertisement -
Ad image

На  денешната средба со новинарите Претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиноски зборуваше за значењето на  манифестацијата.

Со голема чест и задоволство го најавуваме петтото јубилејно издание на „Ohrid Wine Festival“ кое ќе се одржи од 25-ти до 27-ми јуни. Настанот кој веќе стана препознатлив бренд на градот, повторно ќе ги обедини љубителите на виното, музиката и македонската традиција. Во текот на трите фестивалски вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустации на најдобрите вина од домашни винарии како и во богата музичка програма со настапи на познати изведувачи, групи и оркестри.

На 25ти јуни во 20:00 часот настапува групата Сарај , потоа Дани Димитровска и групата „Меморија“.  На 26 јуни  е настапот на Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, „Куку Леле“ и „Пауза за ракија“. На 27 јуни се предвидени настапите на „Солзи и смеа“, Dj Dj Fic,  Битолски камерен оркестар и „Суперхикс“.

Овој фестивал е повеќе од настан, тоа е празник на културата, гастрономијата и заедништвото. Петтото издание е доказ дека Охридскиот вински фестивал  расте и се развива , носејќи радост и гордост за сите нас.

Општина Охрид дава огромна поддршка на културата со цел промоција на македонската винска култура  и зајакнување на туристичката понуда на градот.- подвлече Божиноски

Пане Темов од „Крафт Продукција“ истакна дека  оваа година на фестивалот ќе има повеќе винарии, повеќе сорти на вино и повеќе храна.

Секоја година се трудиме фестивалот да биде подобар и подобар и ова 5-то издание ќе биде најдобро до сега. Секоја година имаме поддршка од македонските винарии и малите охридски винарии, ќе имаме дваесеттина винарии кои ќе ги понудат нивните вина-  посочи  Темов.

Организаторите годинава очекуваат посета помеѓу 50 000 и 100 000 луѓе, со што ќе биде означен и стартот на главната туристичка сезона во Охрид која ќе изобилува со настани и богата понуда.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation