Background

Дневниот приход на тенкерите вртоглаво расте

Операторите на танкери речиси ги дуплираа цените на превоз на товар на рутите во Ормускиот Проток и поширокиот регион на Персискиот Залив, бидејќи постепеното закрепнување на сообраќајот предизвика бран на побарувачка за транспорт на нафта, според извори од индустријата и податоци за транспорт.

Изнајмувањето танкери сега чини околу 190.500 долари дневно, а само пред една недела изнесуваше 106.500 долари дневно. Цените на превоз на товар надвор од Персискиот Залив, исто така, нагло пораснаа.

Просечниот дневен приход (TCE) на многу големи танкери за сурова нафта (VLCC) достигна рекорд од речиси 470.000 долари за транспорт на товар во Персискиот Залив што мора да помине низ Ормускиот Проток. Износот е за 50.000 долари повеќе отколку пред една недела.

- Advertisement -
Ad image

– Сопствениците на танкери се подготвуваат за значително поголеми количини на нафта од Блискиот Исток во наредните недели и се охрабрени од фактот дека просечниот дневен приход на физичкиот пазар останува над 100.000 долари дневно, и покрај намалениот обем на товар од почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран- изјави бродскиот брокер Кларксонс.

Ова покажува дека снабдувањето со танкери е сè уште исклучително ограничено, а отворањето на Ормуз дополнително ќе го намали достапниот капацитет, оценуваат аналитичарите на Кларксонс во белешка.

Проценките на пазарот покажуваат дека дури 100 танкери се сè уште блокирани во Персискиот Залив, што дополнително го влошува проблемот со недостигот на бродови, а производителите на Блискиот Исток пласираат сè повеќе барели нафта на пазарот.

Производителите од Блискиот Исток, особено Националната нафтена компанија Абу Даби од Обединетите Арапски Емирати, нудат нафта преку серија тендери од почетокот на јуни, поканувајќи ги купувачите да земат товар во самиот Персиски Залив, што дополнително ја зголеми побарувачката за танкери.

Додека цената на изнајмувањето танкери се зголеми, трошоците за осигурување од воен ризик се намалија во последните 5 дена на околу 3% од вредноста на бродот. Претходната недела тие изнесуваа 5% од вредноста на бродот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation