Турските истражни органи проверуваат дали наводно каснување од мајмун во Тајланд има врска со смртта на актерката Еџе Иртем (35), позната по улогата во серијата „Шербет од брусница“.
Според турските медиуми, актерката починала кратко по враќањето од одмор, а нејзиното семејство побарало овој детал да биде вклучен во истрагата.
На младата актерка ѝ се слошило утрото по роденденот, во нејзиниот дом, додека била заедно со својата мајка. Брзата помош која пристигнала не успеала да ја реанимира по силниот срцев удар.
Мајката на Иртем изјавила дека нејзината ќерка имала сериозни стомачни проблеми уште за време на патувањето, а состојбата дополнително се влошила на нејзиниот роденден.
Правните застапници на семејството доставиле документација до обвинителството во Истанбул, при што биле посочени и видливи траги на нејзината рака.
– Во текот на разговорите со експертите дознавме дека каснување од мајмун може да предизвика тешки компликации, па дури и сепса – изјавил адвокатот Угур Гокојун.
Специјалистот за заразни болести Мехмет Џејхан предупредил дека е прерано да се извлекуваат заклучоци.
Тој посочил дека мајмуните можат да пренесуваат опасни вируси и бактерии, но ваквите смртни исходи се исклучително ретки и дека треба да се разгледаат и други можни причини, вклучително и евентуални срцеви проблеми.
Надлежните институции апелираа да не се шират непотврдени информации додека не бидат објавени официјалните резултати од обдукцијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
