Охридскај продолжува со истражувањето поврзано со активностите на Цветан Панделевски и неговото поврзување со Алта Банка. По случајот „Охрид Турист”, до редакцијата стигнаа информации за уште една операција, овој пат поврзана со една од најголемите градежни компании во земјата.
Редакција Охридскај · Охрид
Откако Охридскај го објави целосниот допис на Цветан Панделевски и правната анализа зошто истиот не ги исполнува условите за демант предвидени со Законот за медиуми, очекувано беше дека темата ќе продолжи да предизвикува интерес во јавноста. Панделевски се обиде да го демантира известувањето на начин кој, според правната анализа на редакцијата, повеќе наликувал на закана отколку на аргументиран одговор поткрепен со факти и докази.
Меѓутоа, додека јавноста сè уште ја анализираше содржината на демантот, редакцијата на Охридскај, во рамки на своето понатамошно истражување, дојде до дополнителни информации кои отвораат ново поглавје во приказната за деловните активности на Панделевски.
Според информации до кои дојде редакцијата, Цветан Панделевски, паралелно со активностите околу АД Охридтурист, бил вклучен и во преговори за превземање на една од најголемите градежни компании во земјата. Името на компанијата му е познато на редакцијата, но засега не се објавува, до евентуална потврда на сите детали.
Се тврди дека договорот предвидувал градежната оператива на компанијата, без останатите недвижности во нејзин сопственост, да биде превземена од Алта Банка Србија, за износ од околу 40 милиони евра.
Според изворите на редакцијата, Панделевски одржал неколку состаноци на кои презентирал начин на кој Алта Банка би ги превземала акциите на компанијата, како и динамика на исплата.
Истите извори тврдат дека на овие активности реагирал врвот на власта на РСМ, кој наводно го советувал сопственикот на градежната компанија да не влегува во договор со Панделевски. Доколку овие наводи се точни, тие отвораат прашање зошто и на кое ниво државните институции биле запознаени со операцијата, и зошто јавноста до сега не била информирана за обидот.
Според достапните на редакцијата информации, од оваа продажба, на крајот, не произлегло ништо.
Имајќи предвид дека Панделевски претходно реагираше со демант на претходните наводи на Охридскај, редакцијата смета дека јавноста заслужува конкретни одговори и на следните прашања:
Како и во претходниот случај, редакцијата на Охридскај повторно нагласува дека е отворена за дијалог заснован на факти и документи. Доколку Цветан Панделевски смета дека наводите изнесени во овој текст не одговараат на вистината, поканет е да достави конкретни докази со кои ги оспорува наодите , а Охридскај ќе ги разгледа согласно новинарските стандарди.
До тогаш, прашањата остануваат отворени, а Охридскај ќе продолжи да известува за развојот на случајот.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
