Background

Болничката соба во Сиднеј накратко се претворила во место на олеснување и солзи, откако Лија Стјуарт, жената која беше тешко повредена во напад од ајкула, се разбудила од индуцирана кома и ги поздравила своите најблиски

Болничката соба во Сиднеј накратко се претворила во место на олеснување и солзи, откако Лија Стјуарт, жената која беше тешко повредена во напад од ајкула, се разбудила од индуцирана кома и ги поздравила своите најблиски.

Нејзиниот брат Џошуа Стјуарт изјави дека лекарите привремено ги намалиле лековите за да ја разбудат, а покрај нејзиниот кревет биле мајката, партнерот и тој.

– Тоа се случи многу побрзо отколку што очекувавме. За нас ова е чудо и исполнување на сè за што се надевавме и се молевме во текот на изминатата недела – изјави Џошуа.

Останува во критична состојба

- Advertisement -
Ad image

Лија Стјуарт беше нападната од ајкула на 13 јуни додека пливала во близина на плажата Куги кај Сиднеј.

Поради повеќекратните каснувања на рацете и нозете загубила голема количина крв и била итно пренесена во болница, каде што поминала низ повеќе операции. Лекарите биле принудени да ѝ ампутираат една рака.

– Пред неа е долг пат, но ова е многу позитивен прв чекор кој ни дава надеж за закрепнување – додаде нејзиниот брат.

Серија напади во Австралија

Наставничката од Сиднеј е една од жртвите во серијата напади од ајкули што годинава ја потресоа Австралија.

Во јануари беа регистрирани четири напади за само два дена, а едно момче во Сиднеј подоцна им подлегна на повредите. Минатиот месец беа забележани уште два смртоносни напади, во Квинсленд и во Западна Австралија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation