Сенатот на САД вчера изгласа резолуција со која се бара од претседателот Доналд Трамп да спречи продолжување на војната против Иран.
За резолуцијата гласаа 50 сенатори, а 48 се изјаснија „против“. Резолуцијата минатиот месец беше изгласана во Претставничкиот дом.
Првпат двата дома на Конгресот усвојуваат резолуција со која се бара претседателот да повлече американски вооружени сили од воена операција, откако е донесен Законот за воени овластувања во 1973 година.
Резолуцијата е изгласана по десеттиот обид.
Демократите во Сенатот речиси секоја недела предлагаа резолуции за воените овластувања, но не успеваа да го соберат потребното мнозинство за усвојување во тесно поделениот Сенат, каде што Републиканската партија на претседателот Трамп го има мнозинството.
Резолуцијата не значи дека Трамп од утре автоматски губи право да нареди воен удар врз Иран. Таа е пред сè политички и уставен притисок од Конгресот кој вели: „За продолжена војна или поголема воена кампања, треба наше одобрение.“
Според американската практика, Трамп може да нареди ограничени воени акции, може да реагира ако тврди дека има непосредна закана за американските сили или интереси и може да преземе итни воени мерки и потоа да го извести Конгресот. Но, не може да води долготрајна војна без поддршка од Конгресот, да добие нови милијарди долари за поширока воена кампања и да тврди дека има целосна политичка поддршка во Вашингтон.
Најголемото значење на гласањето е што за првпат значителен број републиканци јавно се спротивставија на продолжување на конфликтот, што е е сигнал дека дури и во неговата партија претседателот Трамп нема неограничена поддршка за натамошна ескалација со Иран.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
