Сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Ставрула Левендаки на Крит тврди дека тој е невин. Таа ја опиша жртвата како „чудна жена“ и случајот го нарече заговор против нејзиниот сопруг.
Поддршка до смрт и тврдење дека станува збор за заговор. Вака сопругата на македонскиот државјанин осомничен за убиството на 45-годишната Ставрула Левендаки на Крит застана зад својот сопруг пред неговото денешно појавување пред судот.
Во изјава за грчката телевизија Мега, таа категорично ги отфрли обвинувањата.
– Сигурна сум дека е невин. Го поддржувам и тоа до смрт. Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена. Ни како помлад, ни сега кога сме заедно 20 години – изјавила сопругата.
Таа оценила дека Левендаки била „чудна жена“ и дека случајот претставува заговор против нејзиниот сопруг.
Во меѓувреме, грчките медиуми објавија и аудио-снимка од разговор меѓу осомничениот и братот на убиената жена. Во разговорот, според објавеното, тој вели дека сака жената да биде пронајдена и дека му е важно нејзиното здравје.
Случајот со недели ја бранува грчката јавност. Македонскиот државјанин, кој живеел како потстанар во имотот на Левендаки, е осомничен дека ја убил 45-годишната жена, а потоа го закопал телото на нива во близина на Ханија.
Според досегашните информации од истрагата, тој наводно признал дека по расправија со сопственичката на куќата дошло до фатален инцидент. Истражителите соопштија дека осомничениот им го покажал местото каде што било скриено телото.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
