Background

ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЈАВНИ РАСПРАВИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој истакна дека законите од областа на правосудството се носат низ транспарентна постапка, со вклучување на јавноста и експертската фела.

– Овие закони, кои се дел од Планот за раст, ги носиме низ транспарентна постапка, нешто што не беше случај во минатото. За секој закон имаме јавна расправа, каде што се слушаат експертски мислења, што придонесува за квалитативно подобрување на законските решенија. На крајот, она што е најважно е мислењето од Европската комисија, кое сакаме да го имплементираме. Конкретно за законите од областа на правосудството, суштината е тие да се носат низ транспарентна постапка – рече Петрушевски.

Тој посочи дека во изминатите две години биле организирани двојно повеќе јавни расправи отколку што биле одржани во четиригодишниот мандат на претходната влада, што, според него, претставува значителен исчекор во транспарентноста при носењето на законите.

- Advertisement -
Ad image

– За овие две години сме имале двојно повеќе јавни расправи отколку што имала претходната влада за четири години. Тоа значи дека имаме сериозен исчекор во транспарентноста, јавноста и објективноста при носењето на законите. Секој амандман ќе биде сериозно разгледан и анализиран и верувам дека низ една транспарентна постапка ќе дојдеме до најдобрите решенија – посочи Петрушевски.

Во своето гостување тој упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека претходната власт не спровела суштински реформи во правосудството и оставила систем со ниска доверба кај граѓаните.

– Ако споредиме со периодот кога ништо не беше направено, а сега слушаме критики од истите луѓе кои не сменија ниту еден член од тие реформски закони, мислам дека тоа не соодветствува со реалноста. Особено ако се има предвид дека две години не се долг период. До пред само две години овие пратеници кои денес седат во опозициските клупи беа на високи позиции во Владата. Зошто тогаш не оставија подобра стартна позиција за оваа Влада, за денес да можеме да разговараме за покрупни реформски чекори кои би можеле да ги преземеме и од финансиски и од легислативен аспект? Напротив, ни оставија руинирано правосудство со доверба од само два проценти – изјави Петрушевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation