Белгија повторно го зголемила увозот на гас од Русија и сега увезува повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија.
Според официјалните податоци, рускиот гас минатата година учествувал со над 11 проценти во вкупниот увоз на гас во земјата.
За споредба, во 2019 година, пред војната, Белгија имала слично ниво на зависност од руски енергенси, додека по почетокот на руската воена инвазија во Украина, уделот паднал на околу пет проценти.
Иако Белгија го прекинала увозот на руски гас преку гасоводи, значително се зголемил увозот на течен природен гас (ЛНГ), што повторно ја зголемило вкупната зависност од руските енергенси.
Медиумите оценуваат дека ваквиот тренд оди спротивно на политиките на Европската Унија, која настојува да го намали финансирањето на Русија преку извоз на енергенси.
Минатата година Белгија увезла околу 17,6 терават-часови руски гас, што претставува ниво повисоко од периодот пред воведувањето на европските санкции кон Москва.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
