Крвава пресметка меѓу мигранти предизвика хаос на Тајмс Сквер во Њујорк, откако на еден маж му бил пресечен гркланот, додека 17-годишен тинејџер отворил оган кон групата, пренесува Индекс.
Настанот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на Тајмс Сквер, една од најпосетените туристички локации во светот.
Инцидентот се случил околу 15:30 часот по локално време на Бродвеј, една од најпрометните локации во светот.
Според њујоршката полиција, сè започнало со судир меѓу поголема група мигранти. За време на пресметката, 26-годишен маж бил тешко повреден откако му бил пресечен гркланот.
Кратко потоа, 17-годишен мигрант извадил оружје и почнал да пука кон истата група луѓе. Осомничениот е приведен, но засега не се соопштени обвиненијата против него.
Набргу следувало и второ пукање во близина на местото на инцидентот.
И покрај драматичните сцени, полицијата соопшти дека никој не бил погоден во двете престрелки. Повредениот маж бил пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.
Звуците од истрелите предизвикале масовна паника меѓу туристите и минувачите.
Луѓе трчале во сите правци барајќи засолниште, додека дел од нив влегувале во ресторани и продавници за да се скријат.
– Звучеше како да се крши стакло затоа што луѓето панично влегуваа внатре – изјавил сведокот Мајкл Рид.
Друг очевидец, Ајдан Спенсер, раскажал дека децата лежеле на подот додека луѓето барале засолниште.
– Беше многу гласно. Како да беше веднаш зад мене. Само легнав на подот – рекол тој.
Десетици полицајци пристигнале на местото на настанот и започнале истрага.
Истражителите прегледуваат автомобил „Хјундаи“, чиј сопственик пријавил дека возилото било погодено за време на хаосот.
На местото било пронајдено и оружје, а полицијата трага по уште неколку лица кои би можеле да бидат поврзани со инцидентот.
Во февруари годинава турист беше убиен во сличен инцидент, кога тинејџер мигрант отвори оган во близина на плоштадот.
По тој случај, властите го засилија полициското присуство и воведоа дополнителни безбедносни проверки во делови од метрото.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
