Сериозната повреда на еден од клучните играчи на Канада ја засени убедливата победа од 6:0 над Катар на Светското првенство. Играчот за врска Исмаел Коне заработи скршеница на ногата по жесток старт на натпреварот и ќе мора да оди на операција.
Според канадските медиуми, 24-годишниот репрезентативец моментално се наоѓа во болница, каде што покрај него е неговата мајка Сузан, која му дава поддршка пред хируршкиот зафат.
Инцидентот се случи во 51 минута од натпреварот кога катарскиот фудбалер Асим Мадибо грубо стартуваше врз Коне. Канадскиот играч остана да лежи на тревникот и беше изнесен од теренот на носилки.
Главниот судија Кристијан Гарај првично му покажа жолт картон на Мадибо, но откако ја согледа сериозноста на повредата и последиците од стартот, ја промени одлуката и му додели директен црвен картон.
Првичните прогнози не се охрабрувачки за Коне. Се очекува тој да паузира меѓу четири и пет месеци, што значи дека го очекува долг период на рехабилитација пред враќањето на терените.
Повредата претставува сериозен удар за Канада, која по убедливата победа над Катар и одличниот старт на Мундијалот остана без еден од важните играчи во средниот ред.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
